Ужасна трагедија се случи во Романија, каде што најмалку седум навивачи на ПАОК ги загубија животите во тешка сообраќајна несреќа, додека неколку лица се повредени, според романските медиуми. Несреќата се случила во близина на Темишвар, на околу 80 километри од границата со Србија, а надлежните служби сè уште собираат информации за околностите на овој ужасен настан.
Според првите информации, комбето кое што ги превезувало навивачите на ПАОК се обидело да претекне од лево, по што влегол во спротивна насока и директно се судрило со камион.
Поради силата на ударот, возилото целосно се распаднало, што довело до трагични последици. Полицијата и екипите за итни случаи многу брзо пристигнале на местото на несреќата, но неколку лица не можеле да се спасат. Според извештаите, загинатите биле на пат кон Франција, каде што фудбалерите на ПАОК гостуваат во Лион во четврток во 21 часот, што дополнително ја зголемува тежината на оваа трагедија. Покрај загинатите, во несреќата се повредени и неколку лица, чиј обем сè уште не е официјално потврден. Романските власти спроведуваат истрага за да утврдат што точно довело до несреќата.
Οχι ρε πο@στη , όχι …#PAOK pic.twitter.com/NkpLiwf8vp
— Veni,vidi,vici (@venividivici444) January 27, 2026










