Циндриќ бесен: Кастатрофa! Не можам да поверувам дека ни го прават ова!

2411

Хрватската ракометна репрезентација вчера славеше против Словенија со 29:25 во натпреварот од 3. коло во групата II од втората фаза на Европското првенство во Малме и дојде на чекор до полуфинале. Последниот натпревар во оваа фаза ќе го одигра веќе денеска од 18 часот против Унгарија.

Хрватска во пресрет на тој дуел е во добра позиција. Со победа ќе обезбеди пласман во полуфиналето и прво место во групата.  Лука Циндриќ испрати критика за згуснатиот распоред на турнирот.

„Ме боли сè живо. Прво би се осврнал на тоа што играме веќе утре, што е помалку од 24 часа. Мислам, тој што го организирал ова сигурно никогаш не се занимавал со спорт. Ќе дадам еден пример. Толку многу се жртвуваме. Цели подготовки, а тука по шестиот, седмиот натпревар играме меч од кој ни зависи полуфиналето. А потоа доаѓа по помалку од 24 часа. Тешко, навистина е тешко и интензивно“, истакна Циндриќ и продолжи: 

„Катастрофа. Не успеваш ни за два дена да се регенерираш, а камоли за еден. Не знам, не е дека се правдам. Како што е нам, така е и на другите, но и играчите би требало нешто да се прашаат.

Дефинитивно би сакал ова да се промени во иднина, бидејќи тоа што го прават е лудо. Ова е катастрофа и дефинитивно не е здраво за никого. Морав да го кажам ова за да ми излезе од себе, бидејќи сум толку лут поради тоа. Не можам да поверувам дека го прават ова на едно толку големо натпреварување.“

ПретходноЃоковиќ губеше 2-0, Музети му предаде за полуфинале на Австралија Опен!
СледноМареј трагичар, Пистонс извлекоа победа (ВИДЕО)