Фудбалери на Тотенхем имале собраќајна несреќа пред мечот со Ајнтрахт

221

Фудбалерите на Тотенхем, Вилсон Одобер и Рендал Коло Муани, беа вклучени во сообраќајна несреќа која се случила додека двајцата патувале кон аеродромот пред натпреварот на клубот од Лигата на шампионите против Ајнтрахт Франкфурт.

Несреќата се случила на прометниот автопат М25 во Хартфордшир, а причината е дупната гума.

Менаџерот Томас Франк потврди дека двајцата играчи за среќа не се повредени во инцидентот.

„Коло Муани и Вилсон Одобер се добро. За жал, тие беа вклучени во мала сообраќајна несреќа. Сите други учесници се добро. Причината беше дупната гума. Тие ќе патуваат во Франкфурт подоцна“, објави Френк.

ПретходноРибакина и Пегула во полуфиналето
СледноХрватска е во пол-позиција, тешка битка во Хернинг!