Фудбалерите на Челзи го расплакаа Наполи и нашиот Елмас, славејќи со 2:3 на гостувањето на Стадио „Диего Марадона“ со што Лондончани влегоа меѓу осминафиналистите во најсилното европско натпреварување. Елмас беше стартер и одигра 82 минути за Наполи, но иако по стартното водство од 0:1 за Челзи, Наполи се врати со пресврт за 2:1, на крајот гостите повторно направија пресврт за конечни 2:3 и елиминација на Италијанците од европските купови.
Вистински шок за своите фанови приредија фудбалерите на Реал (М) кои загубија во Лисабон од Бенфика со 4:2 и со тоа не успеаја да се пласираат директно во осминафиналето. Момците на Арбелоа завршија на 9. место и ќе мора да играат плеј-оф. Мбапе со двата гола се обиде да го врати Реал во живот, но Бенфика покажа дрскост и дојде до победа која во последен момент ги однесе на 24. место на табелата за место во плеј-офот. Голманот Трубин беше херојот на лисабонските орли со голот во 97. минута со што бенфика го исфрли Олимпик Марсеј од плеј-офот.
Во ТОП 8 во ЛШ се најдоа и Тотенхем и Барселона кои успеаја да слават на гости кај Ајнтрахт со 0:2, односно дома над ФК Копенхаген со 4:1. Барселона на полувреме губеше со 0:1, но во вториот дел ги стави работите според очекувањата.
Интер славеше кај Борусија (Д) со 0:2 но и покрај тоа не успеа да се најде меѓу патниците за осминафинале.
Ливерпул – Карабах 6:0
1:0 Алексис Мек Алистер 15`, 2:0 Флоријан Вирц 21`, 3:0 Мохамед Салах 50`, 4:0 Хуго Екитике 57`, 5:0 Алексис Мек Алистер 61`, 6:0 Федерико Киеза 90`
Манчестер Сити – Галатасарај 2:0
1:0 Ерлинг Халанд 10`, 2:0 Рајан Шерки 29`
Монако – Јувентус 0:0
Наполи – Челзи 2:3
0:1 Енцо Фернандез 19`, 1:1 Антонио Вергара 33`, 2:1 Расмус Хојлунд 43`, 2:2 Жоао Педро 61`, 2:3 Жоао Педро 82`
Борусија Дортмунд – Интер 0:1
0:1 Федерико Димарко 81`
Ајакс – Олимпијакос 1:2
0:1 Желсон Мартинс 52`, 1:1 Каспер Долберг (п) 69`, Сантијаго Есе 79`
Баер Леверкузен – Виљареал 3:0
1:0 Малик Тилман 12`, 2:0 Малик Тилман 35`, 3:0 Алехандро Грималдо 57`
Барселона – ФК Копенхаген 4:1
0:1 Виктор Дадасон 4`, 1:1 Роберт Левандовски 48`, 2:1 Ламине Јамал 60`, 3:1 Рафиња 69`, 4:1 Маркус Рашфорд 85`,
Бенфика – Реал Мадрид 4:2
0:1 Килијан Мбапе 30`, 1:1 Андреас Шелдеруп, 2:1 Вангелис Павлидис 45+5`, 3:1 Андреас Шелдеруп 54`, 3:2 Килијан Мбапе 58`, 4:2 Трубин 97′
Ројал Унион СЈ – Аталанта 1:0
1:0 Анан Халаили 70`
Ајнтрахт Франкфурт – Тотенхем 0:2
0:1 Рандал Коло Муани 47`, 0:2 Доминик Соланке 77`
Арсенал – Каират Алмати 3:1
1:0 Виктор Ѓокерес 3`, 1:1 Жоргињо (п) 7`, 2:1 Каи Хаверц 16`, 3:1 Габриел Мартинели 38`
Атлетик Билбао – Спортинг 2:2
1:0 Оихан Сансет 3`, 1:1 Усман Диоманде 12`, 2:1 Горка Гурузета 29`, Тринкао 62`
Атлетико Мадрид – Бодио/Глимт 1:2
1:0 Александар Серлот 15`, 1:1 Фредрик Шеволд 35`, 1:2 Каспар Хог 59`
Клуб Бриж – Марсеј 3:0
1:0 Мамаду Диахон 4`, 2:0 Ромео Вермонт 11`, 3:0 Александар Станковиќ 79`
Пафос – Славија Прага 4 :1
1:0 Влад Драгомир 17`, 1:1 Штепан Халупек 44`, 2:1 Бруно 53`, 3:1 Андерсон 84`, 4:1 Андерсон 87`
ПСВ – Баерн Минхен 1:2
0:1 Џамал Мусиала 58`, 1:1 Исмаел Саибари 78`, 1:2 Хари Кејн 82`
ПСЖ – Њукасл 1:1
1:0 Витиња 8`, 1:1 Џо Вилок 45+2`










