Лудило: Голот на голманот на Бенфика во 90+8.минута за пласман во плеј – офот!(ВИДЕО)

267

Јасно е дека вечерва беше вистинска лудница во последното коло во лигашката фаза во Лигата на Шампионите. Табелата во живо се гледаше низ цела Европа, сепак лудило беше во Лисабон каде играа Бенфика и Реал Мадри. Се играше 90+8.минута, “кралевите“ го изгубија тоа место во ТОП 8, а на домашните кои водеа со 3:2 им беше потребен уште еден гол за пласман во плеј – офот.

И тогаш Жозе Мурињо му нареди на голманот Трубин да се преселе пред голот на гостите, тој тоа не само што го направи туку и го постигна голот за 4:2, гол за пласман во следната фаза.

Да не говориме каква лудница беше на „Луж“, неверојатно.

Тоа само фудбалот може да го стори.

ПретходноЛШ: Челзи ги расплака Елмас и Наполи, Бенфика слави на сметка на Реал и ПСЖ ќе мора во плеј-оф (ВИДЕО)
СледноЛШ: Бенфика и Реал повторно на мегдан?! Ова се можните двојки за 1/16 финалето! (ФОТО)