Конечно вистинско засилување: Супер-талентот на Црвена Звезда го одбра Вардар место Сараево

1176

Од Вардар утрово ја најавија соработката со Дарко Велковски, македонскиот репрезентативец, но исто така најавија и ново засилување од соседна Србија. Станува збор за брзото лево крило Стефан Цветковиќ, кој во Скопје доаѓа од екипата на Железничар Панчево.

Цветковиќ е веќе во Анталија каде тренира со Вардар и се очекува денеска да стави потпис на договор. Интересно е што тој оваа зима имал понуда од екипата на Сараево за трансфер во првенството на БиХ, но се решил за „црвено-црните“.

Цветковиќ бил супер-талент на белградска Црвена Звезда, а во својата кариера го носел дресот на повеќе српски клубови, додека има настап и за летонскиот тим РФС.

ПретходноКливленд ги прегази Лејкерс, Леброн го имаше најлошиот меч против својот поранешен клуб
СледноТрубин: Немав поим дека ни треба гол за пласман во следната рунда!