Рашфорд испиша историја и стави крај на постот за Барселона во ЛШ

210
ФОТО: FC Barselona/X

Маркус Рашфорд влезе во историјата на Лигата на шампионите постигнувајќи гол од слободен удар за Барселона против Копенхаген. Тој со ова стана само вториот англиски играч кој постигнал гол од слободен удар за два различни тима во најпрестижното клупско натпреварување во Европа. Само Дејвид Бекам, кој има голови од слободни удари во Лигата на шампионите со Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, претходно тоа го има напреавено.
Голот на Рашфорд, исто така, стави крај на долгото чекање за Барселона. Каталонците не постигнаа гол од слободен удар во ЛШ од 1 мај 2019 година, кога Лионел Меси постигна гол против Ливерпул.
Со еден настап, Рашфорд не само што му се придружи на легендарниот Бекам, туку и ја заврши речиси петгодишната суша на Барселона од прекини во Лигата на шампионите.

ПретходноЛШ: Денеска е ждрепката за 1/16 финалето, Мурињо против еден од “своите“ Реал или Интер!
СледноМареј го расипа враќањето на Портер Јуниор во Колорадо!