ЛШ: Денеска е ждрепката за 1/16 финалето, Мурињо против еден од “своите“ Реал или Интер!

286
ФОТО: UEFA.COM/X

Денеска точно на пладне, во Нион, ќе се одржи ждрепката за 1/16 финалето во Лигата на Шампионите. Познато е дека осум екипи, тие што во лигашката фаза завршија од првото до осмото место директно одат во осминафиналето, а оние екипи кои се пласираа од 9. до 24.место ќе играат 1/16 финале.

Пред денешната ждрепка има носители и неносители, првите се оние кои завршија на табелата од 9. до 16.место а вторите се оние од 17. до 24 место. Инаку однапред е направен “костурот“ па така се знае дека Бенфика на пример може да се падне само со Реал Мадрид или Интер, со една од овие две екипи.

Интересно е тоа што Жозе Мурињо, кој сега е стратег во Бенфика во минатото ги водел овие две екипи, со Интер во 2010 година има и “триплета“.

Мечевите од 1/16 финалето се закажани за 17/18 и 24/25 февруари.

Во 13 часот ќе се одржи и ждрепката за Лигата на Европа.

Ова се можните двојки за 1/16 финалето:

ПретходноЛЕ: Миовски и Ренџерс со убедлив пораз на “Драгао“, само реми во Белград! Познати се можните двојки за 1/16 финалето! (ФОТО)
СледноРашфорд испиша историја и стави крај на постот за Барселона во ЛШ