Поради полуфиналето на ЕП, Вардар 1961 доби нов термин за мечот со Слован

175

Поради полуфиналето на Европското првенство помеѓу Хрватска и Германија, променета е сатницата на мечевите на Labin Handball Cup, турнир на кој учествува Вардар 1961.

Иван Чупиќ и неговите момци првиот меч во Лабин ќе играат во термин од 20 часот во СЦ „Франко Милета“, против словенечкиот Слован.

Првиот меч на турнирот меѓу Загреб и Сесвете е во 16 часот. Потоа во Лабин од 17,45 часот заеднички ќе се следи дуелот Хрватска – Германија на видео ѕид, а потоа се игра ракометниот дуел Вардар – Слован.

Вардар можете да го гледате на следниот линк во 20:00.

https://www.youtube.com/watch?v=q7U0XRonc8w

Претходно„Генералката“ на Вардар ќе биде против Осогово
СледноГладијаторска битка во Мелбурн со среќен крај за Алкараз