„Бомба“: Челзи со 150 милиони евра тргнува по Белингем!

152
ФОТО: Real Madrid C.F/FB

Откако пред неколку дена медиуимите на Островот лиферуваа вест дека Ливерпул е силно заинтересиран за Џуд Белингем и дека за овој евентуален трансфер “Редси“ се подготвени да платат 180 милони евра, најново е тоа што и Челзи тргнува по мега – звездата на “кралевите“.

Имено “сините“ од Лондон ќе се обидат да го вратат еден од најдобрите англиски фудбалери дома, и за тоа се подготвени да понудат 150 милиони евра, ама овој трансфер би се реализирал во летниот преоден рок.

Јасно е дека, ако веќе Белингем се враќа во Ангалија, а секако се прашува и Реал Мадрид, тогаш секако дека со скрстени раце нема да седат ниту гигантите од Манчестер, Јунајтед и Сити.

Во секој случај прашање е пред се дали Белингем сака да си оди од “Сантијаго Бернабеу“.

ПретходноКога Дон Флорентино ќе каже: “Не ми треба тој играч…“
СледноЈокиќ се врати со рекордна партија, Дончиќ приреди вистинско НБА чудо (ВИДЕО)