Јасно е дека големо беше славјето во таборот на Хрватската селекција по победата над Исланд во мечот за 3.место и освоената бронза. Посебно може да биде задоволен селекторот Дагур Сигурдсон кој уште еднаш покажа дека е врвен стручњак.
„Знам дека Хрватите се луди по меддали“ посочи покрај другото.
Свој коментар имаше и Иван Мартиновиќ:
„Пресреќен сум, каква драма создадовме. Немам зборови, не знам како успеавме во ова. Браво за навивачите, го гледав Дувњак како нè смирува, се враќаме дома со медал. Сакавме да покажеме дека ништо не е случајно. Ќе биде долга ноќ, ајде да уживаме.
Сега можеме да испиеме неколку пива. Тренерот виде само како функционираме на Олимписките игри, сега нè познава, сите навистина го сакаме. Нема паника, нема драма со него. Тој го заслужуваше медалот, ќе наздравам со него. Тој заслужуваше да биде најдобар тренер на првенството.
Дочек. Се надевам дека ќе биде убаво како што беше пред една година. Ќе биде прекрасно, ајде да уживаме“, рече Иван Мартиновиќ.
Инаку како што објавија градските власти на Загреб, утре попладне ќе се организира свечен дочек за “бронзените“.










