Борозан најави: ГРК Охрид ќе атакува на сите три трофеи

237
Фото: ГРК Охрид

Црногорскиот репрезентативен лев бек, Вуко Борозан потпиша договор со ГРК Охрид, кој е миниум до крај на сезоната, како што велат од клубот.

Вуко доаѓа од РК Вардар 1961, а во својата богата кариера има настапувано за екипите на Веспрем, Загреб, Ловќен, Металург итн. Веќе повеќе од деценија е еден од лидерите на црногорската репрезентација.

“Многу сум среќен што потпишав за екипа со големи амбиции, екипа која има одлични ракометари. По разговорот со тренерот Ројевиќ и управата на Клубот одлучив да ја продолжам својата кариера во Охрид. Пред нас следуваат многу натпревари, а нашиот тим ќе атакува на сите три трофеи. Ги поздравувам охридските навивачи, групата “Рибари” да не бодрат во што поголем број за да стигнеме до целите на клубот.” – изјави Вуко Борозан.

ПретходноГФК Осогово и ФК Вардар ќе играат за настраданите во Кочани, се собираат средства за спомен обележје! (ФОТО)
СледноСпектакуларен дочек на “бронзените“ во Загреб, им пееше и Томпсон! (ФОТО)