МОК со став: Постапуваме според насоките на анти-допинг организацијата

133

Во составот на македонската делегација која ќе настапи на Зимските Олимписки Игри во самиот финиш се случи промена. На местото на Мирко Лазарески ќе биде Виктор Петков.

Редакцијата СпорСпорт се обрати до Македонскиот Олимписки Комитет за новонастаната ситуација. Од таму ни одговорија дека постапуваат според насоките на Националната Анти-допинг организација. Што се однесува до Петков тој има олимписка норма и право да биде во македонската делегација. До конечна потврда на наодот, процедурите предвидуваат времена суспензија на спортистот.

„Ве информираме дека MOK постапува врз основа на добиени информации и насоки од страна на Националната Анти-допинг организација (НАДО МКД). Како резултат на строго и прецизно пропишаната процедура на WADA, до конечна потврда на наодот, процедурите предвидуваат времена суспензија на спортистот и се активира механизмот на замена од претходно утврдената листа на потенцијални кандидати („long list“). Согласно овој официјален систем на рангирање, следен спортист со исполнета олимписка квота е Виктор Петков, кој по процедурален пат станува дел од официјалната делегација.
Би сакале да потенцираме дека МОК нема апсолутно никаква надлежност, ниту право на одлучување во делот на анти-допинг тестирањата и резултатите. Нашата улога е строго процедурална – по автоматизам ја следиме и спроведуваме регулативата.

За сите дополнителни детали, Ве упатуваме на Националната анти-допинг организација (НАДО МКД), како единствена институција овластена за водење на случајот и давање официјални ставови по вакви прашања“, рекоа од МОК за СпортСпорт. 

ПретходноШенгун блескаше во Индијана (ВИДЕО)
СледноРусија се враќа во светскиот фудбал? Инфантино: Забраната не постигна ништо!