Противникот на Шкендија во ЛК се засилува со некогашна мега – ѕвезда во ПЛ?!

324
ФОТО: Chelsea F.C/FB

Познато е дека на 19 и 26 февруари, Шкендија во меч од нокаут-фазата во ЛК ќе ги одмери силите против турскиот Самсунспор. Првиот меч се игра во Скопје, а реваншот во Турција.

И кога сме кај Самсунспор, вчера и денеска информациите од Турција, па и од Островот, велат дека овој тим би можел да добие големо засилување во пресрет на двомечот со нашиот шампион. И тоа Рахим Стерлинг, некогашната мега – ѕвезда во ПЛ и некогашен член на Ливерпул, Манчестер Сити, Арсенал и Челзи.

Имено постои интерес, а некои медиуми се децидни и пренесуваат дека има преговори меѓу Стерлинг и Самсун.

На оваа тема свој коментар имаше и претседателот на Самсунспор, Јуксел Јилдирим.

Имаме контакт со менаџерот на Стерлинг, секако дека сме заинтересирани за да дојде кај нас, ама се уште нема официјална понуда“ посочи Јилдирим.

ПретходноПо стапките на својот сонародник: И Канте бојкотира во Ал Итихад!
СледноВардар, не по своја вина, го продолжи престојот во Турција!