Работнички вчера, во меч од 6.коло во ПМФЛ, со 2:0 да слави над квалитетниот состав на Брегалница. Стрелци на тие два гола беа Лука Станковски и Александар Ристевски. Со овие два гола Работнички досега постигна само шест, во просек по еден на секој меч, но неверојатно е тоа што само тројца играчи од составот на тренерот Александар Влахо сезонава постигнувале голови, и сите тројца по два. Тоа се Марио Станковски, потоа неговиот помал брат Лука Станковски и стоперот Александар Ристевски.
Малку на шега во клубот велат дека ќе треба да им се каже на останатите дека не им е забрането и тие да постигнуваат голови, дека не се само овие тројца задолжени да ги тресат противничките мрежи.
Да споменеме и тоа дека Работнички е во налет, игра добро, освојува бодови на мечевите од ПМФЛ. Сега се наоѓа на 4.место на табелата со 11 бодови, два помалку од лидерот А.Пандев. Секако дека табелата по ова шесто коло ќе добие конечен изглед дури после утрешното дерби во Тетово меѓу Шкендија и Шкупи.