По петтипат на падините на Попова Шапка се одржа Сноуборд Купот на Македонија со учество на повеќе од 45 натпреварувачи од осум европски земји: Франција, Бугарија, Турција, Грција, Србија, Чешка и Унгарија.
Во одлични услови на стазата „Ге“, во дисциплината велеслалом имаше динамични возења и силна конкуренција. Македонските сноубордери повторно блеснаа и остварија одлични резултати. Миа Џагора доминираше со две први места, Ева Џагора освои едно прво и едно второ место, додека Александар Кацарски се закити со едно прво и едно второ место.
Во женска конкуренција по трки, на подиумот се искачија и Мирај Озсој, Несибе Јагми Сенгул и Анџела Џогиќ, додека кај мажите одлични настапи имаа Марсел Сзабо, Орхун Атила Јилмаз, Омер Фарук Деликташ, Михаил Крачниак и Виктор Брузек.
Кај девојчињата најуспешни беа:
У9 – Матеа Димитриевска
У11 – Бела Зарапчиева
У13 – Маша Мијатовиќ
У15 – Мила Здравковиќ и Јарен Сумеје Гунеш
Кај момчињата:
У9 – Димитар Кацарски и Вања Јовановски
У11 – Марко Поповски и Никола Кљанков
У13 – Петар Крачнијак, Максим Шеќеринов и Даријан Димитриевски
У15 – Цафер Едиз Цингоз, Јусуф Али Јурт и Бошко Куноски
Настанот го организираа Скијачка федерација на Македонија, Меѓународната скијачка федерација (FIS), ски-центарот Попова Шапка и ски-клубот XMKD, со поддршка од Министерството за спорт и УНИБанка.










