ЗОИ 26: Прво злато за Шведска, Карлсон победи на скиатлонот на 20 километри

22
фото: The Olympic Games @Olympics (X)

Шведската крос-кантри скијачка Фрида Карлсон ја освои олимписката титула во скијатлон на 20 километри (10 километри класичен стил + 10 километри слободен стил).

Во Вал ди Фиеме денеска, 26-годишната Карлсон ја мина патеката за 53 минути и 45,2 секунди и практично немаше конкуренција за златото. Карлсон е втората Швеѓанка во женски скиатлон која освои злато по Шарлот Кала на Игрите во 2018 година во Пјонгчанг.

Светската шампионка Андерсон (Шведска) го освои среброто, завршувајќи 51 секунда зад победничката, додека бронзениот медал го освои Норвежанката Хајди Венг.

ПретходноИ Барса крена раце од Суперлигата, Реал остана сам!
СледноЧетврта победа во низа: Победничкиот танц на Карик со „ѓаволите“ продолжи (ВИДЕО)