Го натера Ѓоковиќ да се фати за глава и да скокне од столче (ВИДЕО)

675
Фото:Eurosport/teozorzoli/Screenshot

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ реши да дојде во Италија со своето семејство по настапот на Австралија Опен, каде што ги следи Зимските олимписки игри, а она што апсолутно не сакаше да го пропушти беше финалето во уметничко лизгање. Претходната вечер се одржа екипното натпреварување во оваа категорија и Соединетите Американски Држави го освоија златниот медал, а потценување е да се каже дека Ѓоковиќ и неговото семејство беа „воодушевени“ од овие настапи.

Ова особено се однесува на Илија Малинин, претставникот на САД, кој даде незаборавен настап што го натера Ѓоковиќ да се фати за глава и да скокне од своето место, што дури беше снимено и од камерите.

Ѓоковиќ уживаше во настапот на Малинин и на крајот го аплаудираше, како и целата сала, бидејќи тоа беше еден од најдобрите настапи што сме ги виделе во последните години. Не само поради тежината на настапот, туку и поради грациозноста на движењата на Малинин, кој веќе се нарекува најдобар досега во овој спорт, па Ѓоковиќ не сакаше никако да го пропушти.

ПретходноСерена Вилијамс на мета на критики за реклама на Супербоул: Колку ти платија? (ВИДЕО)
СледноЛина Ѓорческа со скок од 12 места на ВТА-листата!