Лина Ѓорческа со скок од 12 места на ВТА-листата!

278

Најдобрата македонската тенисерка, Лина Ѓорческа и овој понедлник оствари голем напредок на ВТА-листата.

Македонската тенисерка иако го предаде полуфиналниот меч на ИТФ турнирот Порто 50 против Американката Флона Кроули од САД во вториот сет, сепак таа скокна 12 места на светската листа.

Ѓорческа се наоѓа на 182 место, додека нејзиниот најдобар пласман е 170 позиција на ВТА-листата.

Следен настап по двата ИТФ турнира во Порто, за 31-годишната тенисерка треба да биде во Франција на ВТА тур.

ПретходноГо натера Ѓоковиќ да се фати за глава и да скокне од столче (ВИДЕО)
СледноПознат е распоредот на нашите олимпијци: Ставре Јада прв на сцена на ЗОИ