Затоа е голема шампионка: Ова биле првите зборови на Линдзи Вон по страшниот пад!

502
ФОТО:screenshot/Х

Секако дека вчерашниот ден на ЗОИ во Милано и Кортина д’Ампецо во Италија, го одбележа американската скијачка Линдзи Вон која доживеа тежок пад и скршеница на левата нога.
Поради ова, таа беше пренесена во болница на нејзиниот петти настап на Олимписките игри, и многу брзо беше утврдено дека мора да се подложи на операција и сега е на одделот за интензивна нега. Во моменти на драма, Линдзи Вон била свесна, дури и додека ја транспортираа со хеликоптер во болница. Сите ги слушнаа нејзините ужасни крици, но она што ја воодушеви јавноста беа нејзините први зборови по самиот пад.
Легендарната скијач, а сега тренерк Аксел Лунд Свиндал, во објава на социјалната мрежа Инстаграм откри што Линдзи Вон им кажала на лекарите и на публиката во Кортина по падот.
„Линдзи. Неверојатно си храбра. Ги инспирираш луѓето што го следат твојот пат и оние од нас што работиме со тебе секој ден. Вчера беше тешко. За сите, но најмногу за тебе. Но, се случи нешто што многу зборува за тебе. „Честитки и кажи ѝ на Бризи дека направила добра работа“, рече во моментот кога твојата репрезентативна колешка се најде на првото место. Тоа е пораката по која сакаш да те паметат пред да те однесат во болница со хеликоптер – напиша Аксел Лунд Свиндал, а потоа додаде: Вистинскиот карактер се појавува на површината во најтешките моменти“.

Тој, исто така, ѝ честиташе на победничката Бризи Џонсон за освојувањето на златниот медал.

ПретходноМакедонија во четврток ќе ги дознае противниците во Б Лигата на Нации!
СледноБарселона одби 30 милиони за 18-годишен фудбалер