Рајковиќ повеќе не е тренер на турски Тофаш

186

Емил Рајковиќ и Тофаш ја завршија соработката. Турскиот клуб денеска со официјално соопштение потврди дека нашиот стручњак ја напушта позицијата прв тренер на тимот.

Рајковиќ беше назначен за главен тренер на Тофаш на стартот на сезоната 2025/2026, но не успеа да ја заврши на своето ново работно место. Кризата која го зафати тимот на резултатски план, а особено последните порази и во ФИБА Лигата на шампионите беа иницијална каписла за турските газди да побараат ново тренеско решение.

„Решивме да се разделиме со нашиот почитуван тренер и му се заблагодаруваме за неговиот придонес во нашиот клуб и кошарката во Бурса. Му посакуваме многу среќа во следната фаза од неговата кариера“, напишаа од Тофаш.

ПретходноПапули и Адеми си заминаа од Скопје
СледноПелистер е „гладен“ за старт со три бода