Полувреме: Булатовиќ – Работнички 2:1 во Битола!

101
ФОТО:.facebook.com/FC.PelisterBitola

Заврши првото полувреме од последниот меч од 17.коло во ПМФЛ. Пелистер на свој терен во Битола има водство од 2:1 против составот на Работнички во еден исклучително значаен меч за двете екипи.

Лука Булатовиќ блескаше во дресот на домашните и тоа со два гола за водство од 2:0. Прво по една перфектна акција на домашните, Швајц Ристовски асистираше а Булатовиќ стрелаше за 1:0 во таа 16.минута.

Се играше 34.минута кога Булатовиќ центрира од мртов агол, таа топка го удри еден гостински фудбалер и заврши во мрежата на Работнички за 2:0.

Сепак Работнички намали на 2:1 и тоа од пенал со голот на Демири, во таа 38.минута кога претходно Бошњаков беше фаулиран во домашниот казнет простор.

ПретходноПМФЛ: Без победник во Струмица, по бод за Брера и Македонија ЃП!
СледноСепак се најде начин: Победа ќе ја доигра сезоната во ВМФЛ