ЛЕ: Дебакл на Динамо на „Максимир“, радост за сите гости

110

Гостинските екипи беа неприкосновени на вечерашните први плеј-оф мечеви од Лигата на Европа. Сите четири средби од првата рунда вечерва им припаднаа на гостинските екипи. Најубедлив беше англиски Нотингем Форест кој со 3:0 го совлада Фенербахче среде Истанбул и со една нога зачекори кон осминафиналето.

Одлични резултати пред реваншите на домашен терен носат и Генк, Селта и Болоња. Иако победите им се минимални, селта и Болоња, сепак, мирно ќе ги дочекаат возвратните 90 минути пред своја публика.

Во Загреб, Динамо беше во негатива од 2:0 по само дваесетина минути игра, но до полувремето успеа да намали. На крајот домашните немаа сили за израмнување, а Белгијците во послендите минути од мечот погодија и за уште поубедлив триумф од 1:3.

ЛИГА НА ЕВРОПА – ПЛЕЈ-ОФ 

(ПРВИ НАТПРЕВАРИ):

Фенербахче – Нотингем Форест 0:3

0:1 Муриљо 21′, 0:2 Хесус 43′, 0:3 Гибс-Вајт 53′

Динамо Загреб – Генк 1:3

0:1 Хејман 15′, 0:2 Ел Уахди 21′, 1:2 Белио 45′, 1:3 Ел Уахди 90′

ПАОК – Селта 1:2

0:1 Аспас 34′, 0:2 Сведберг 43′, 1:2 Јеремејф 77′

Бран – Болоња 0:1

0:1 Кастро 9′

ПретходноФаворитките со максимални победи до четвртфинале во Купот на ОФМ
СледноКЛ: Зрински ремизираше со Палас, „вардарецот“ Хамбарѕумјан за историска победа на Ноа