Лука Станковски ќе игра во Украина

224

Македонскиот интернационалец и репрезентативец, Лука Станковски е нов играч на екипата на Колос од Украина.

Офанзивецот ја заврши својата приказна во тимот на Раднички Крагуевац, кој што го продаде нашиот репрезентативец во амбициозниот украински прволигаш.

Со ова Станковски ја решава својата ситуација што се однесува до статусот, и заминува во клуб кој што ќе му ја овозмо7и вистинската минутажа и шансата која што ја заслужува.

Само за потсетување, Станковски своевремено го направи еден од најголемите трансфери за ПМФЛ услови кога од Работнички замина за Турција, и стана дел од Газиантеп. Таму никогаш не ја доби вистинската шанса, беше испраќана на позајмици во Словенија односно Турција два, за да на крајот и си замине од овој клуб.

Вратите за него ги отвори токму Раднички, каде што во почетокот екплодираше и имаше одлични партии, за да по промената на тренерите, падне во втор план.

ПретходноАлушовски: Не сум задоволен од одбраната, бевме безидејни во нападот!
СледноМиле Тодоров: АП Брера сака да го продолжи позитивниот чекор и против Работнички