Себастијан Спахиу:“Шкендија ќе даде се од себе да дојде до добар резултат!“

76

Вечерва на “Самсун стадионот“ во Самун од 18:45 часот, нашиот шампион го игра реваншот од нокаут – фазата во плеј – офот во Лигата на Конференции против составот на Самсунспор. Познато е дека на првиот меч во Скопје минатиот четврток, турскиот тим успеа да победи со 0:1, па така Шкендија овој реванш ќе го почне со негатива.

Јасно е дека домашните се во предност, но исто така е јасно дека Шкендија нема да се предаде и ќе се обиде да дојде до добар резултат со кој би се пласирала во следната фаза во Лигата на Конференции.

За тоа што може да се очекува од тетовските “црвено – црни“, свое видување има офанзивецот на Шкендија, Себастијан Спахиу:

Самсунспор е навистина силен тим. Тие го етаблираа своето присуство во Турција. Не бевме во најдобра форма на последниот натпревар. На реваншот ќе дадеме 100% од себе и ќе играме со решителност. Дефинитивно ќе се обидеме да постигнеме добар резултат вечерва, но постигнувањето на тој добар резултат нема да биде лесно.“ изјави Спахиу.

ПретходноОсимен и Јилмаз го РАСПЛАКАА Јуве во продолженијата!
СледноДабл-дабл на Јокиќ, Денвер го растури Бостон (ВИДЕО)