Итан Хап: Среќен сум што се вратив во Македонија!

173

Во изминатите два циклуси го имавме Џејкоб Вајли, првиот од претквалификациите за Светскиот Куп, потоа и стартот на претквалификациите за Евробаскетот 2029.

После долго време во тимот се враќа Итан Хап. Повредите го спречија да го продолжи оној континуитет на добри игри во дресот на Македонија. Но овој февруарски ФИБА „прозорец“ му отвора нов простор на Американецот кој во овој ммент е дел до шпанскиот АЦБ лигаш Бургос, да го направи тоа.

„Прекрасно е да се вратам, и да бидам дел од репрезентацијата. Се уште има некои од соиграчите од претходниот пат, со кои бев во тимот. Па затоа сум среќен што се вратив и сум заедно со тие момци. А и новите соиграчи се многу пријателски расположени кон мене, и многу отворени. Сметам дека имаме навистина добри таленти во овој тим“, вели крилниот играч .

Со оглед на тоа дека долги години е дела од најсилната шпанска лига, и воопшто во зевропа, Хап е запознат со тоаа како работи новиот предводник на селекцијата ан Македонија, Жозеп Марија Берокал.

„Очигледно, тренерот е нов, и тој е шпански тренер. Знам за него и тој знае за мене. И досега имплементираше неколку добри работи и стратегии за играта.

А кога станува збор за Луксембург и Азербејџан, мислам дека тренерот најдобро знае што треба, а ние треба само да се грижиме и следиме неговите упаства. Тимовите се тие со кои играме, веројатно и ќе се променат и ќе го сменат стилот. Но сега е многу поважно да се подобриме фокусирајќи се на тоа како сакаме да играме и потоа за играта, да знаеш дека си спремен да дадеш 100% од себе“.

Македонија утре во салата „Лазар Лечиќ“ го игра дуелот против Луксембург.

ПретходноАлушовски: Го заслуживме овој резултат
СледноМурињо во свој стил – се скри на „Сантијаго Бернабеу“