За еден час, поточно во 18:45, тимот на Шкендија го стартува реванш дуелот од елиминационата фаза од Лијата на Конференции против турскиот тим на Самсунспор на гостински терен.
Актуелниот бранител на титулата има негатива од првиот меч одигран на Арената во Скопје кога загуби со минимални 0:1, со голот на Мариус. Сега, Шкендија бара сензација пред противничка публика, а како тетовци играат во Европа сезонава, ништо не е невозможно.
Тренерот Јетон Беќири за овој дуел се одлучи на голот да го постави стандардниот Гаје, а во одбраната се Вебстер, Фетаи, Мелиќи и Трумчи.
Зејнулаи како капитен и Ислами се во улога на последни играчи за врска, додека во нападот се Љатифи, Спахиу, Тамба и Ндзенгуе.










