Полувреме: Добра Шкендија, ама мрежите мируваат во Самсун!

105

Без голови по првото полувреме од реваншот во плеј – офот во Лигата на Конференции во Самсун меѓу домашниот состав на Самсунспор и Шкендија. Добра Шкендија, разиграна Шкендија која имаше и свои шанси за водство, посебно треба да се спомене таа на Ндезенгуе во 7.минута кога домашниот голман едвај одбрани.

Домашнте во два наврати се заканија преку Нчам, Мариус и Холсе, но на своето место беше извонредниот Гаје. Евидентно е дека турскиот состав не сака премногу да ризикува, ако се знае дека од првиот меч има предност од 1:0. Затоа Шкендија е на потег ако сака пласман понатаму, во осминафиналето во Лигата на Конференции.

Лига Конференции (плеј-оф) реванш (1:0 првиот меч)

САМСУНСПОР – ШКЕНДИЈА 0:0 (0:0)

Стадион „Самсун“ во Самсун. Судија: Симоне Соца (Италија). Стрелци:/.

САМСУНСПОР: Кочук, Зеки Ваври, Шатка, Ван Дрогелен, Томасон, Холсе, Макумбу, Нчам, Асуму, Мариус, Ндиај.

Тренер: Торстен Финк.

ШКЕНДИЈА: Гаје, Трумчи, Фетаи, Мелиќи, Вебстер, Ислами, Зејнулаи, Тамба, Спахиу, Љатифи, Ндзенгуе.

Тренер: Јетон Беќири.

ПретходноДемикелис седнува на клупата на Мајорка
СледноАморим оди во Бразил, преговара со Васко де Гама