Кој си знае и тоа како си знае. Така и искусниот напаѓач, некогашен репрезентативец на Македонија вечерва покажа уште еднаш дека и натаму знае да постигнува голови. Во меч од 24.коло во ХНЛ, Македонецот во 64.минута ја затресе мрежата на Истра и успеа на својот тим Славен Белупо да му донесе победа од 1:0. Токму тој гол беше решавачки за победникот на овој меч во Копривница.
Инаку овој гол на Илија Несторовски е шести сезонава во елитната лига во Хрвтска за искусниот напаѓач кој има 35 години ама знае и натаму како треба да се тресат противничките мрежи.










