Берокал: Оваа победа е многу важна за нас и за мене на моето деби како селектор!

103

Македонија вечерва во Скопје, во меч од претквалификациите за ЕП 2029 успеа да слави против Луксембург со 79:70. Ова беше трета победа во групата, но прва под водство на новиот селектор Жозеп Марија Берокал.Тоа беше негово деби на клупата на селекцијата на Македонија, и деби со победа.

Тој генерално е задоволен од победата, иако напомена по мечот дека некои работи ќе треба да се поправат.

Оваа победа е важна за нас и за мене на првиот меч како селектор. Имавме на моменти добри работи, но сметам дека недостасуваше константност. Сакам да им честитам на играчите за овој триумф. Сега следува одмор и после следниот натпревар во понеделник. Задоволен сум од играта во одбраната, и мислам дека во тој дел игравме добро. Добро е што победивме за тимот и за слендиот натпревар. Задоволен сум од повеќе работи во целина. Во одбраната игравме агресивно и во тој дел сум задоволен, додека во нападот треба да ја делиме повеќе топката“, рече Берокал.

ПретходноСефте победа во „Градски Парк“: Македонија и натаму е класа за Луксембург (ФОТО)
СледноШампионот со убедлив триумф во Кавадарци!