Искрено: „Уживам во поразите на Барса зошто сум за Реал“

677

И дефинитивно на Барселона ништо не и оди. Тоа вчера против Баерн во Лигата на Шампионите беше катастрофа во најмала рака. Па затоа оние што се за Реал Мадрид и тоа како имаат причина за задоволство.

Така и Хозе Марија Гутиерез – Гути, некогашниот фудбалер на Реал Мадрид во едно интервју сосема искрено кажа дека ужива во поразите на Барса.

Просто уживам во поразите на Барселона зошто сум за Реал Мадрид. Баерн Минхен се покажа како одличен тим, но за мене резултатот од 0:3 не е изненадување, јас сум изненаден од тоа како Барселона одигра, поточно на кој начин загуби“ рече покрај другото некогашниот член на Реал Мадрид од времето на “галактикоси“.

ПретходноНадал: Ме чека долг период на рехабилитација
СледноАлборг го демантираше ЕХФ, го распарчи ППД Загреб