Вечерва се одиграа повеќе мечеви од квалификациите за СП во првата рунда. Секако дека во преден план беше дуелот во Белград, каде селекцијата на Турција успеа да ја победи Србија со 78:82, и тоа во една трилер завршница, Треба да се каже дека на полувреме четата на Атаман имаше +15 поени, но избраниците на Алемпијевиќ се вратија во игра и во завршницата имаа шанса и да победат.
Биберовиќ со 22 поени беше најефикасен кај победничкиот тим, Џеди Осман запиша 16 поени. Кај Србите најефикасен беше Марковиќ со 19 поени.Супер интересно беше и во Атина, каде Црна Гора успеа да ја совлада домашната селекција на Грцција со 65:67. Франција на “мускули“ дојде до победа како гостин кај Унгарија со 71:74, додека Словенија беше убедлива против Чешка со 99:59.
На останатите мечеви кои досега завршија се постигнати следните резултати:
Украина – Шпанија 66:86, Австрија – Холандија 71:81, Данска – Грузија 71:89, Летонија – Полска 82:84, Шведска – Естонија 77:88.










