Работнички vs Шкупи, дуел од дното: Само „романтичарите“ немаат славено против тимот од Чаир!

67

Работнички оствари важна победа против Брера (3-4) на гости во минатото коло и тоа ги зголеми надежите дека може да се обезбеди опстанок во елитата и следната сезона. Но, тие бодови нема да вредат ништо ако денеска не се надополнат со уште нови три, со триумф над последнопласираниот Шкупи.

По подолг период, Работнички се враќа како домаќин на Арената „Тодор Проески“, а натпреварот со Шкупи е закажан од 12 часот.

„Работнички нема друг избор, едноставно мора да оди на победа на секој натпревар. Веруваме дека ќе успееме да славиме, иако во никој случај не го потценуваме противникот“, порачува офанзивецот Никола Манојлов.

ПретходноШек и Баркли го гледаа Јокиќ: Тој го направи правилното, покажа дека не се шегува!
СледноТренерот на Денвер објасни зошто Јокиќ тргнал да се пресметува со играчите на Оклахома