Пиреш за гостински триумф на Силекс во Кавадарци (ВИДЕО)

127

Силекс со три бода од Кавадарци се враќа во Кратово. Кратовскиот тим благодарение на голот во вториот дел успеа да дојде до втората победа во пролетниот дел, и втората остварена на гостински терен.

Први се заканија токму гостинските играчи преку Додев, кој во 3. минута шутираше само за малку крај голот. Првото полувреме заврши без голови, во голема борба на средината на теренот, и битка за секоја топка. Во второто полувреме Силекс продолжи да напаѓа и да се заканува.

Најпрво Ефтимов во 59. минута имаше шут кој го одбрани Стевковски. Во 62. минута Стевковски „капитулираше“. Одлична акција на мал простор на фудбалерите на Силекс, Мирчевски до Додев, овој до Пиреш кој излезе сам пред голот на домашните, и шутираше рутински во мрежата.

Тиквеш се обиде да дојде барем до бод во финишот. Во 77. минута од средбата обидот на Стојанов со глава оди за малку крај голот на Џеков. Во 92. минута последна шанса за Тиквеш. Лавал се најде во шанса, со глава ја упати топката под пречката, меѓутоа Џеков беше одличен и изби во корнер. Така Силекс успеа да се одбрани и да дојде до важни три бода.

 

ПретходноМиовски остана на клупата во уште едно историско дерби помеѓу Ренџерс и Селтик
СледноМакедонија ЃП му „откина“ бод на Арсими во Гостивар (ВИДЕО)