Македонскиот интернационалец Марио Илиевски во рамките од новото коло во шампионатот на Косово за својот тим Приштина во дуелот со Дрита го постигна голот на сезоната што се вели. Погоди со прекрасен удар речиси од половина терен и на тој начин стигна до десеттиот гол сезонава на неговото конто.
Илиевски игра во животна форма и ја пронајде средината каде што очигледно дека најдобро се чувстува и игра онака како што неговиот квалитет и талент предвидуваа уште пред години кога тој беше капитен на У21 репрезентацијата.
Сега веќе екс селекторот Благоја Милевски го имаше Марио Илиевски на поширокиот свој список, а со оглед настапите во моментов несомнено новиот наш кормилар Гоце Седлоски ќе смета на напаѓачот на Приштина.










