Ристовски главен арбитер во полуфиналето од Челинџ купот

31

Македонскиот интернационален судија Влатко Ристовски ќе биде прв судија на првиот полуфинален натпревар меѓу Слован Братислава и Линдеманс Алст во ЦЕВ Челинџ купот во машка конкуренција, кој ќе се одигра на 4 март, во „Гопас“ арената во Братислава.

Еден од нашите најдобри судии е номиниран заедно со грчката судијка Ирини Моула која ќе му асистира.

Ристовски има одлична европска сезона со оглед на тоа дека ова му е шестта номинација во рамките од ЦЕВ клупски купови. Претходно делеше правда во четвртфиналето од Челинџ купот во машка конкуренција, а беше дел од судискиот колегиум и во натпревари од Челинџ купот кај жените, како и во ЦЕВ куп кај мажите.

ПретходноТомовски продолжува да блеска, а Битигхајм да победува
СледноОФС Куманово го одржа Годишното Собрание: Верифициран мандатот на Еркан Јусуф!