Првиот човек на фудбалот во Иран: Нападите врз земјата ќе влијаат на нашиот настап на Мундијалот

112

Светот е дефинитивно во фаза во која нападите кои што се вршат врз Иран, носат нови моменти кои влијаат на сите аспекти од животот па и од спортот.

Особено ако се знае дека оваа држава е дел од претстојниот Мундијал следното лето кој патем се одржува во САД, Канада и Мексико.

Претседателот на Фудбалската Федерација на Иран,

Претседателот на Иранската фудбалска федерација, Мехди Таџ, изрази сериозна загриженост во врска со претстојното Светско првенство, велејќи дека воздушните напади на САД и Израел врз неговата земја, во кои беше убиен врховниот лидер Али Хамнеи, се ислучително загрижувачки. И дека истите ќе имаат огромно влијание врз настапот на репрезентацијата.

Иако во оваа фаза нема официјална изјава дека Иран може да го бојкотира финалето, претседателот на федерацијата, Мехди Таџ, го коментираше ова прашање за време на панел-дискусијата на иранскиот телевизиски канал IRIB Channel 3, велејќи дека нападите ќе имаат влијание.

 

ПретходноСпалети: Живеам за четвртото место, мора да веруваме
СледноФФМ организира семинар за доктори и физиотерапевти