Во моментов нашата кошаркарска селекција во Баку игра со Азербејџан во натпревар од претквалификациите за СП 2029. Интересно е тоа што од трибините нашите кошаркари имаат и “фудбалска“ поддршка, кои навиваат за избраниците на селекторот Берокал.
Тука се селекторот на нашата женска селекција Александар Андов, потоа членот на УО на ФФМ, Димитар Џонов, па Мишел Истатов кој е во комисијата за женски фудбал и Петре Иловски, координатор на А селекцијата за жени.
Да потсетиме дека утре во Баку, со почеток од 12 часот, нашата најдобра женска селекција игра со Азербејџан.











