Потврдено: Македонија и Скопје домаќини на Светското во ракомет за младинци (У21)

108

Македонија и градот Скопје ќе бидат домаќини на големо светско ракометно натпреварување. На Ракометната федерација на Македонија ѝ е доверена организацијата на машкото младинско Светско првенство, кое ќе се одржи во периодот 23 јуни – 4 јули 2027 година.

На ова престижно натпреварување ќе настапат најдобрите млади ракометари до 21 година од целиот свет, а Македонија и градот Скопје повторно ќе бидат во фокусот на светската ракометна сцена. Ракометната федерација на Македонија продолжува посветено да работи на развојот и популаризацијата на ракометот, како и на промоцијата на Македонија како домаќин на големи меѓународни спортски настани.

Од РФМ изразија благодарност до Меѓународната ракометна федерација за укажаната доверба и можноста Македонија повторно да биде организатор на едно вакво значајно светско натпреварување.

ПретходноМедведев, Рубљов и Качанов платиле по 2000 долари за да избегаат од Дубаи во Оман
Следно„Арсенал ќе биде шампион со најгрдата игра во историјата на лигата“