Долгогодишниот претседател на Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ), Александар Боричиќ, почина денеска на 78-годишна возраст. Како што објавија од Одбојкарската федерација на Србија, Боричиќ почина по кусо боледување.
Тој беше поранешен одбојкарски репрезентативец, тренер, селектор, долгогодишен претседател на Одбојкарската федерација на Југославија, Србија и Црна Гора и Србија, претседател на Европската одбојкарска конфедерација, втор потпретседател на Светската одбојкарска федерација и почесен претседател на Одбојкарската федерација на Србија.
Боричиќ беше претседател на ЦЕВ од 2015 до 2024 година, а беше и во Скопје за време на одржувањето на Европското првенство во машка конкуренција во 2023 година.










