После завршување на секое коло ЕХФ ТВ ги бира најдобрите моменти. Вардар 1961 ја победи Бенфика на домашен терен со 33-27 и завери место во осминафиналето на Европската лига, а со позитивен резултат од гостувањето кај Мелсунген може да обезбеди директен пласма во четвртфиналето во Европската лига.
Во првото полувреме свое шоу имаше Милош Валах, кој запиша шест одбрани, а една од нив се најде во Топ 5 листата на ЕХФ ТВ. Валах ја има втората најдобра одбрана за 3. коло во главната рунда. Истата е при резултат 6-3.
Оваа Топ 5 листа можете да ја видите на следниот ЛИНК.










