„Градот на конзулите“ живее за ракометот: Нова платформа за ракометна Битола

133

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски и претседателот на РК „Еурофарм Пелистер“ Зоран Стерјев, потпишаа нова соработка, базирана на веќе постоечката која што само го потврдува она што сите добро го знаеме. А тоа е дека „Градот на конзулите“ едноставно живее за ракометот како спорт.

Првиот човек на Битола изјави дека нема поголемо задоволство од продолжување на соработката врз база на исклулително успешен и проверен проект.

„Отвараме нов период на обострано задоволство. Јас секаде тоа го потенцирам дека ова треба да биде мотив за сите како треба спортот, бизнисот, градот да опстојуваат заедно во една платформа. Голема благодарност и за поддршката од спортската јавност, на новинарите, на медиумите, на граѓаните на Битола, секако и на Чкембарите. Сите задоволни да продолжиме во еден многу светол период со истите и поголеми амбиции понатму, во периодот кој ќе отвори нови врати на ракометот. Овој спортски храм треба да живее и натаму. Ние знаете имаме иницијативи и огромни вложувања во спортот, така што резултатите се видливи и ќе бидат уште подобри“ рече градоначалникот Коњановски.
Претседателот на клубот Зоран Стерјев изрази благодарност во општината, до градоначалникот за досегашната соработка, за периодот во кој како што рече, ја обликуваа натамошната соработка за комплетниот ангажман.
„Оваа платформа можеби ќе биде малку поразлична, од аспект што и досега беше платформа на обединување, меѓутоа овој период покажа дека тоа обединување станува уште поголемо. Кон платформата очекуваме дека ќе се приклучат и други стопански субјекти кои што веќе го најавуваат своето присуство на платформата и тоа е она што посебно радува, што платформата и со својата успешност покажа, докажа дека тоа е, како што кажа и градоначалникот е патот кој треба да го трасираме и патот по кој што треба да се движиме за успех и во спортот и во градот“рече Стерјев.

ПретходноХери Мегваер доби нова пресуда по повод инцидентот на Миконос
СледноОнана од „Тему“…. голманот на Работнички Ондоа прави смешни киксеви и го брука некогашниот шампион (ВИДЕО)