По голема драма: Белгија ја шокираше Македонија

170

Македонската женска ракометна репрезентација со пораз се враќа од гостувањето кај Белгија (26-25) во рамките на квалификациите за Европско првенство 2026 година. Иако бевме фавори на овој дуел и водевме со четири гола разлика на момент, сепак немавме сили за нешто повеќе.

Ова трет пораз за селекторот, Кристијан Грчевски и неговите ракометарки во овие квалификации, па шанса за да дојдат до посакуваното трето место ќе имаат за три дена во Куманово.

Јована Кипријановска беше единствена на ниво во нашиот тим со седум постигнати гола.

Нашите ракометарки отворија со 1-3, веднаш го наметнаа своето темпо, пред средината на првото полувреме при 6-9, Белгија остана со две ракометарки помалку на теренот, но Македонија не го искористи овој момент. Грчевски повика тајм-аут бидејќи головите изостанаа. Последниот „црвено-жолтите“ го постигнаа во 13-та минута, Гакидова после пет минути успеа да реализира, и тоа од седум метри за 8-11, но домашниот тим врати за 10-11. Иако нашите ракометарки дојдоа на плус три, сепак на одморот резултатот беше 14-15.

Не видовме многу квалитет во второто полувреме, Македонија почна да ја гради позитивата, во 38 минута резултатот беше 14-18, но повторно застана. Во 44-та минута, Белгија со серија од 4-0 израмни на 18-18. Седлоска и Јанкуловска ја вратија позитивата (18-21), но неизвесноста продолжи, бидејќи Белгија не се откажа, на помалку од четири минути до крајот поведе со 25-24. Илиќ запиша важна одбрана при 25-25, но Македонија не искористи напад за да поведе минимално.

Домашниот тим успеа да реализира за 26-25, не успеавме да реализираме, Белгија оствари победа.

Реваншот е закажан за 7 март во Куманово, билети се уште има во продажба.

ПретходноПознато е колку ќе паузира Кристијано Роналдо
СледноСензација во Битола – Манасков го фрли во очај ПСЖ!