Пелистер зад себе имаат одлична вечер во Лигата на шампиони, на домашен терен одигра реми против ПСЖ (34-34). Во таборот на францускиот тим од минатото лето член е Матео Мараш, поранешен член на македонскиот првак.
Битолската публика му подготви изненадување, го пречека со овации, но и со дрес на трибините како знак на благодарност за годините минати во дресот на Пелистер. Хрватскиот десен бек играше во периодот 2020–2022, по две успешни сезони во Пелистер замина во унгарската Татабања, а потоа го направи трансферот на соништата.










