Шкендија го доби големото дерби против Вардар

447

Македонскиот ПМФЛ шампионат доби сосема нова димензија денеска затоа што во големото дерби помеѓу Вардар и Шкендија денеска кое се одигра на комплексот Петар Милошевски во Скопје, актуелниот бранител на титулата победи со 0:1, и ги освин трите бода.

Тоа значи дека сега разликата на табелата со сеуште лидерот Вардар е само еден боод и допрва ситуацијата ќе се комплицира до самиот крај  ,

 

Шкендија денеска беше подобра за тој еден постигнат гол на Љатифи во второто полувреме кое што дојде пред се благодарение на одличната асистенција на Ибраими.

Првата и единствена шанса во првиот дел, воопшто за двата тима ја имаше Шкендија кога во 32. минута по една добра акција гостите Красниќи од идеална позиција шутираше но Талески прекрасно го затвори аголот и одбрани сигурен гол.

Се останато во првиот дел се базираше врз борба на средината на теренот и реално ниту еден директен удар кон еден од двата гола.

Бесарт Ибраими го смени натпреварот 

Вториот дел означи и почеток на серија измени во двата тима, а онаа која го промени текот на мечот беше онаа на Шкендија, во која влезе капитенот Бесарт Ибраими. Тој, по една молњевита контра изби сам лево, и несебично асистираше за Љатифи кој во ситуација еден на еден со Талески не погреши за гостинско водство. Следуваше удар од полудистанца на Ибраими кој мина милиметри крај дирекот од голот на Вардар.

Матиќ претходно имаше ситуација за Вардар но истата не ја искористи иако се најде осамен пред Гаје, но тој сепак е пред се дефанзивец и не реагираше голгетерски.

Љатифи промашува за двојно водство

Во 77. минута Шкендија имаше ситуација за двојно водство, но акцијата во која Љатифи изби сам пред Талески не резултираше со гол, напротив. Голманот на Вардар фантастично брани ситуација еден на еден со стрелецот на единствениот гол до тој момент, и го остави домаќинот во игра.

На другата страна нововлезениот Димитар Данев зафати една одбиена топка и шутираше од прва што се вели но Гаје на висина на задачата.

 

 

ПретходноКузмановски: Да жалиме за ГОГ, но да бидеме задоволни од она што го остваривме!
СледноОд Шкендија до Шкендија: Прекината серијата на Вардар без пораз на домашна сцена!