Кошаркарите на ТФТ не успеаја да ја продолжат победничката низа во АБА 2 лигата. По три последователни порази, момците на Боро Смилоковски вечерва загубија на гостувањето кај Јахорина со 92:84.
Домашните практично беа во водство во текот на целиот натпревар и до самиот крај не им дозволија на нашите момци да се вратат во игра за победа. Ова беше третиот пораз на ТФТ кој го остава во ТОП 8 на табелата.
Дејвис и Говенс со по 21 поен беа најефикасни во составот на ТФТ, додека кај Јахорина доминираше Ковачевиќ со 25 поени.










