Поради сексистички изјави за судијка доби суспензија од 12 натпревари!

112

Поради сексистички реакции кон една фудбалска судијка, фудбалерот на бразилски Брагантино Густаво Маркес доби драконска казна.

Имено, по поразот од 2-1 од Сао Паоло во четвртфиналето на Паулиста лигата, дефанзивецот на Брагантино изјави дека Диан Муниз не требало да биде назначена за судија на таков натпревар. Подоцна се извини, а клубот го суспендираше на еден натпревар и го казни со 50% од платата.

Државниот спортски суд на Сао Паоло (TJD-SP) му изрече нова казна во вид на суспензија од 12 натпревари поради сексистички забелешки. Бразилецот беше казнет и со 30.000 реали (5.700 долари).

ПретходноАБА 2: ТФТ поразен на гостувањето кај Јахорина
СледноРој Кин: Јас не сум навивач на Манчестер Јунајтед!