Лука Дончиќ и неговата свршеница ја откажаа свадбата, причината е српска пејачка!

1318

НБА ѕвездата Лука Дончиќ и словенечкиот модел Анамарија Голтес ја откажаа својата свршувачка, објавува Telegraf.rs. Според информации од неколку извори блиски до двојката, раскинувањето се случило непосредно пред свадбата, која била закажана за јули 2026 година.

Лука и Анамарија повеќе не се заедно. Свадбата требало да се одржи во јули, но ништо не се случило. Ова е изненадување, со оглед на тоа што го добија своето второ дете пред само три и пол месеци.

Двојката има две ќерки, Габриела, родена во 2023 година, и Оливија, која е родена кон крајот на 2025 година. Нивната љубовна приказна започнала во детството, кога имале 12 години, а нивните семејства се запознале на одмор на островот Крк во Хрватска. Иако имаше шпекулации за кратко раскинување во 2018 година, пред драфтот на НБА на кој Дончиќ бил избран, двојката брзо ја обновила својата врска.

Лука Дончиќ го прослави својот 27-ми роденден на 28 февруари, а Анамарија не беше присутна на прославата, на која присуствуваше и Новак Ѓоковиќ.

Причината за разделбата е српската пејачка Бресквица, но засега нема детали.

ПретходноВалверде е спасителот на Реал против Селта
СледноДенвер се посрамоти како никогаш, Дончиќ испорача 44 поени (ВИДЕО)