Македонската скијачка Ева Милевска ќе испише историја како првата македонска скијачка која ќе настапи во брзите дисциплини – спуст и супервелеслалом – на Светското јуниорско првенство во алпско скијање.
Во Нарвик, Норвешка, Ева ќе се натпреварува со најдобрите млади скијачи во светот во нејзината возраст, на едно од најпрестижните натпреварувања во календарот на FIS.
Брзите дисциплини се најпредизвикувачките во алпското скијање – со долги и технички тешки патеки, скокови, компресии и брзини над 100 km/h. Со овој настап, Ева не само што се натпреварува со светската елита, туку испишува нова страница во историјата на македонското скијање.
На Ева и посакуваме среќа.










