Победа во Куманово: Ракометарките и вратија на Белгија, сега ќе чекаме расплет за место на ЕП

201
фото: Ракометна Федерација на Македонија - официјална страница (FB)

Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија ја исполни целта. Во четвртиот настап во квалификациите за Европското првенство, избраничките на селекторот Грчевски славеа над Белгија на мечот во Куманово со 33:28 и дојдоа до премиерната победа.

Уште во првиот дел од мечот нашите ракометарки успеаја да направат разлика од три гола и да најават атак на првите бодови. Слична игра видовме и во вториот дел, кога умешно дојдовме до предност од 5-6 гола разлика (во еден момент имавме и плус 7 за 31:24), а до крајот не дозволивме гостинките да ни се приближат.

Оваа победа е доволна за да имаме подобар меѓусебен скор со Белгијките во трка за третото место на табелата, кое не остава во игра за исполнување на сонот за насап на континенталниот собир. По поразот од Белгија пред неколку дена на гости со еден гол разлика, пред нашите ракометарки денеска во Куманово беше задачата да се добие овој натпревар најмалку со два гола разлика. Нашите девојки ја исполнија мисијата, па сега останува да се очекуваат само уште последните две кола и дуелите кои и ние и Белгија ќе ги имаме против апсолутните фаворити во групата, Германија и Словенија.

Денеска најефикасна во нашиот состав беше Марија Јанкуловска која завши со 8 погодока. По шест гола запишаа Стефановска, Кирпијановска и Ива Младеновска, која имаше 100% реализација (6/6).

ПретходноВерстапен за новите болиди: Ужас, дојдов до точка да не сакам ни да возам!
СледноКуп: Вардар го мина Бутел и закажа пресметка со Е. Пелистер 2